Проект Мрежа Фискаст - парафискални давачки
На покана на Finance Think и Агора, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Работилница со општините, бизнис сектор и невладин сектор за дијалог и оптимизација на парафискални давачки, која се одржа на 26 Maj 2022 год. во Хотел Панорамика со почеток во 10 часот. Работилницата имаше за цел да помогне во процесот на оптимизација на парафискални давачки.
Целта на проектот е подигнување на транспарентноста на локално ниво, креирање регистар на парафискални давачки и зголемување на соработката на локалните чинители, при што главни активности на проектот се: Тренинг програма за јакнење на капацитетите на локалните чинители, Прибирање и анализа на податоци за локалните буџети, со фокус на парафискалните давачки, Создавање механизам за креирање и мониторирање на финансиската транспарентност и Зајакнување на јавната свест. Дефинирање на препораките за оптимизирање на парафискалните давачки на локално ниво, како и воведување нови мерки и алатки за зголемување на финансиската транспарентност, беа дел од денешната работна средба. Работилницата ја водеа д-р Благица Петрески од Finance Think и Александар Спасов од Агора.