Преку не-дискриминација до еднакви можности
На покана на Националната конвенција за ЕУ во РМ, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на дебатата „Преку не- дискриминација до еднакви можности: Европската легислатива и националните политики и практики“. Дебатата се одржа во вторник, 19 Февруари 2019 година, од 09 часот во Клубот на пратеници, Скопје.
Експерти од Македонија и Словачка на дебатата ги изнесоа своите знаења и практики во борбата против дискриминацијата, која значително ги ограничува потенцијалите на едно општество и го оневозможува остварувањето на основните права на поединците како припадници на определени групи. Борбата против дискриминацијата врз основа на етничка или расна припадност, вероисповед, род, сексуална ориентација, постоење ментална или телесна попреченост, политички уверувања или партиска припадност е исклучително значајна област во Поглавјето 19 посветено на социјалната политика и вработување во претпристапните преговори со ЕУ.