Партнерски договор со PANOPTA

НЕКСТ-ЕМ дооел во соработка со PANOPTA нуди комплетен сервис за мониторинг и систем за менаџирање на прекините за Вашите бизниси и сервисни провајдери кои имаат потреба од брза детекција и алармирање.

Компаниите кои сериозно се присутни на пазарот потребно им е мониторинг решение кое може моментално да ги детектира прекините од секаков тип и да го алармира оперативниот тим кој за најкраток временски период ќе го реши проблемот. Денешните веб страни стануваат се покомплексни, се менува динамично содржината, се работи со содржина од повеќе извори, чување на веб сервисните маил-ови, разговори и други комуникациони механизми. Со ова Вие добивате комплетно решение како да се справите со прекините при што Вашиот тим е обезбеден со алатки за да ги олесни и да ги избегне идните прекини што ќе се појават.