Парафискалните давачки - товар за компаниите

На покана на Finance Think, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на презентирање на студијата Експлоративна анализа на парафискалните давачки за малите и средните претпријатија, изработена од Finance Think, која се одржа на 25 Декември 2019 год. во Хотел Мериот.

Панел дебатата Парафискалните давачки – Колкав товар претставуваат за компаниите, имаше за цел да ги презентира резултатите од истражувањето и да ја поттикне дебатата во која насока се потребни реформи за парафискалните давачки. Панелисти беа  Крешник Бектеши – Министер за економија, Благица Петрески – Извршен директор на Finance Think,  претставници на Стопанските комори во земјата Даниела Арсовска и Неби Хоџа и Павле Гацов – Даночен експерт.