Паблик – Трет Форум на добри компании 2018
Меѓународниот форум кој се одржа на 10 Декември 2018 год. во Хотел Мериот во Скопје, беше во организација на Паблик во партнерство со Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи (СоРи), кој се имплементира од страна на Германското друштво за меѓународна соработка во име на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој и со ЕУ проектот за поддршка на социјалното претприемништво, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка.
Улогата што бизнисите, институциите и социјалните претпријатија можат да ја имаат во трансформацијата на стариот економски систем беше тема во фокус на настанот насловен „Нова економија: Бизниситe креираат еколошки, социјални и економски вредности“. На оваа меѓународна средба учествуваа делегати од осум европски земји – претставници на бизнис секторот, на институции и на социјални претпријатија при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.