НЕКСТ-ЕМ - Технолошки партнер на веб порталот на ТВ СИТЕЛ
НЕКСТ-ЕМ дооел ја прошири соработката со ТРД Сител за потребите на нивниот веб портал www.sitel.com.mk преку потпишување на договор за технолошко партнерство и одржување на компјутерските системи.
Искуството на НЕКСТ-ЕМ дооел во одржувањето на сервери и веб базирани решенија треба да овозможат дополнителен раст и развој на веб порталот и јасно да ја утврдат врвната позиција на медиумот во сферата на ИТ и веб технологии. Веб порталот е препознатлив поради можноста која ја нуди за своите корисници во презентирањето на сите вести во скоро реално време притоа освен текстуалниот приказ на посетителот му нуди и целосно видео искуство.
Со овој проект НЕКСТ-ЕМ дооел јасно ја прикажува својата специјалност и посветеност во изработка, имплементација и одржување на големи проекти кои секогаш со своето постојано присуство и брз развој претставуваат двигател на ИТ технологијата во Република Македонија.