Меѓународна конференција за циркуларна економија
Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) и Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување организираа меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија која се одржа на 23-24 Ноември 2022 година, во Хотел Хилтон, во Скопје.
Теми на конференцијата кои се дискутираа беа: Политики и мерки за циркуларна економија во Западен Балкан, Стратегии за циркуларни градови, Успешни приказни на проекти и компании и Увид во различни деловни модели и циркуларна економија во различни индустрии. Целта беше да се вклучат мали и средни компании, универзитети, центри за истражување и развој, организации и асоцијации и владини претставници со решенија за циркуларна економија. На конференцијата се даде осврт и на циркуларни решенија, вмрежување со најиновативните актери и партнерство за идни нови бизниси и можности за истражување и развој. Конференцијата беше проследена и со меѓународни билатерални состаноци со цел да се поттикне синергија и соработка за истражување и развој во доменот на циркуларна економија. На конференцијата свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.