МАРнет - Средба со регистрари 2022 година

На покана на МАРнет, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на средба со регистрарите која се одржа на 25 Мај 2022 год. во  Ресторанот Де Гама во Скопје, со почеток во 10 часот. На настанот МАРнет дискутираше за теми за кои сметаше дека има интерес од страна на регистрарите и тоа: Општи податоци за домените, Теми кои произлегуваат од Правилникот на МАРнет и Теми предложени од страна на Регистрарите.

На средбата присуствуваа поголем дел од регистрарите, при што беа разгледани темите по предлог на МАРнет, но уште повеќе беа дискутирани размислувањата и тековни проблеми со кои се соочуваат регистрарите при самото работење. На средбата свое претставување имаше и директорот на МАРнет, г-динот Томи Божиновски, додека самиот настан беше воден од Ева Несторовска, Раководител на одделение за архивско и канцелариско работење, но активно учество имаа и останатите вработени во МАРнет, поготово техничките лица.  Регистрарите беа согласни дека треба да се оформи здружение на регистрари, кое ќе ги застапува на состаноците на Управниот Одбор на МАРнет, поготово за теми кои ги засегаат директно, како и дека средби со МАРнет треба да има почесто. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.