Консултативен состанок
На покана на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), НЕКСТ-ЕМ дооел учествуваше на консултативен состанок „ Пристојна работа – родов мејнстриминг на социјалниот дијалог, улогата на работодавачите и жените работнички“, кој се одржа во Хотел Солун, Скопје на 21 Февруари 2024 год. Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија. Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување. На консултативниот состанок свое учество имаа претставници од невладин сектор, факултети, синдикати и останати релевантни чинители кои дискутираа за социјалниот дијалог, пристојната работа и улогата на работодавачите во контекстот на пристојната работа. На состанокот се дискутираа наодите од студијата (Студија за пристојна работа), а заклучоците ќе служат како основа за кратки документи за јавни политики.