Интернационален форум - поглавје 20
Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, организираше Интернационален форум на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“,од 18-19 април 2019 година, во Хотел Арка, во Скопје. Дво-дневниот Интернационален форум имаше за цел да овозможи вмрежување како и размена на добри практики во областа на поглавје 20.
Покрај можностите за вмрежување на интернационално ниво, настанот овозможи и промоција на активностите на новоформираната платформа „Поглавје 20“, како и промовирање регионална соработка за креирање на подобри индустриски политики и политики за малите и средни претпријатија. Во состав на форумот имаше панел дискусии како и средби за вмрежување помеѓу граѓанските организации и институциите од регионот со цел трансфер на знаење и размена на добри практики. Форумот вклучи околу 70 учесници, експерти во областа на поглавје 20, претставници од релевантни национални и регионални инстиуции, стопански комори, бизнис инкубатори, технолошки паркови, факултети и компании. На форумот свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.