Почитувани клиенти,
НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар од МАРнет, смета дека треба да Ви појасни одредени информации за да полесно го разберете целиот процес и ја завршите целата процедура без притисоци и непотребни нервози.
НЕКСТ-ЕМ дооел нуди регистрација на нови домени, пререгистрација на постоечките домени, како и обнова на домени (од наредната година) на веќе пререгистрираните домени.
Во моментов е актуелно секој домен да се пререгистрира, да се избере регистрар, и да се премине од МАРнет кон избраниот регистрар, со што во иднина наплатата ќе ја врши регистрарот кој сте го избрале, а регистрарот се раздолжува кон МАРнет. Ова е битно да го знаете дека само пререгистрација, без продолжување на доменот, не значи ништо, затоа што по валидноста на доменот, и по временскиот рок кој е даден во правилникот на МАРнет, доменот може да се избрише. Затоа би сакале да Ви кажеме дека кај нас, пререгистрација, значи автоматски и продолжување на доменот, а обнова може да биде од наредната година, кога доменот веќе е пререгистриран, и само се обновува времетраењето на доменот за наредниот период. Да сумираме, пререгистрацијата започна од 01 Април 2014 год. и ќе трае до 31 Март 2015 год.
Се надеваме дека успеавме да Ви го објасниме целиот процес, за да не се збуните од дезинформациите кои ги има во јавноста, a изборот на регистрар ќе биде Ваша одлука и ние тоа ќе го почитуваме.
Во врска со горенаведеното, НЕКСТ-ЕМ дооел нуди:
- Регистрација на нов домен – 800 ден. + 18% ддв = 944 ден.
- Пререгистрација на домен (со продолжување за 1 година) – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.
- Обнова на домен – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.