Заштита на лични податоци
На покана на МАСИТ, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на информативен настан чија цел беше доближување и подобро запознавање со тековната регулатива за заштита на личните податоци, коj се одржа на 07.03.2019 (четврток), во хотел Александар II, Скопје, со почеток од 10:00 часот.
Настанот е организиран во насока на подобрување на легислативата и нејзина полесна имплементација, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Целта беше согледување на постоечката состојба во поглед на регулативата од делокругот на работа на Дирекцијата за заштита на личните податоци, како еден од носечките органи со надлежности во поглед на надзор согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и орган кој директно ја цени законитоста на обработката на личните податоци. Но воедно и да ги запознае присутните со процедурите за заштита на приватноста на податоците преку давање насоки, како и мислења во согласност со законските прописи, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите. Предавач беше г-дин Горан Чамуровски, како и Генералниот секретар на Дирекцијата за заштита на лични податоци, г-динот Игор Кузевски.