Дигитализација и финансирање на бизниси
Програмата за Развој на Обединетите Нации во соработка со Националната Платформа за Жени Претприемачки организираа еднодневна работилница за градење на капацитетите на жените претприемачки која се одржа на 31 Јануари 2024 год. во хотел Континентал, со почеток во 10 часот. Во последните три месеци УНДП работеше на изготвување на анализа која ќе ги утврди пречките, системските недостатоци и проблемите со кои се среќаваат жените претприемачки при формирањето на нивните компании и развојот на нивниот бизнис, особено во делот на зеленото и енергетски ефикасното производство. Анализата беше направена во широка консултација на различни засегнати страни, жени претприемачки и организации кои се дел од еко системот во кои функционираат жените претприемачки. Врз основа на наодите од ова анализа беше развиена програма за градење на капацитетите на жените претприемачки. Со таа цел, беше и организирана оваа еднодневна работилница фокусирана на дигитализација, финансии и оформување на цени, и како можат да помогнат во развој на бизнисите и приватниот сектор особено водени од жени претприемачки. Обуката ја водеше г-дин Алескандар Целески, Национален консултант на УНДП, експерт и сертифициран менаџмент консултант. На работилницата свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.