Глобален лидерски самит Македонија 2018
На 23.11.2018 година, од 10:00 до 16:00 часот во Македонска Филхармонија, Скопје, се одржа Глобален лидерски самит Македонија, каде свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ.
Глобализацијата наложува потреба од дијалог, соработка, едукација и обединување со заедничка цел – процут и благосостојба на секој човек и во секој дел од светот. Двигател на овој потфат е увереноста дека секој поединец или организација има обврска да вложи во изградбата на сопствените лидерски капацитети. Ваквата визија се спроведува преку водечката светска лидерска платформа Глобален Лидерски Самит (ГЛС) – видеокаст конференција. Мисијата на ГЛС е на секој човек да му обезбеди пристап до најновото и најдоброто од глобалната експертиза и трендови по најприфатлива цена. Ваквата можност е преку платформа која обезбедува загарантиран успешен исход да своите човечки и лидерски капацитети се изградат за подобар и просперитетен свет за сите. Прекрасен настан и одлична организација на истиот.