Веб портал на Национален фармакоинформативен центар
После неколку неделно тестирање од денес во функција е ставен порталот на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ) при Фармацевтскиот факултет.
Порталот овозможува постојана комуникација на фармацевтите во Македонија како и можности за онлајн едукација и интерактивно поставување на прашања кои преку интерактивната база на знаења се одговараат од страна на стручниот тим на НФИЦ. Покрај овие наменски функции порталот содржи информации и новости за едукација на општата популација.