АЕК - Промоција на Софтвер за електронски регистар
Агенцијата за електронски комуникации изработи „Софтвер за електронски регистар за јавни телефонски комуникациски мрежи и инфраструктура“ и истиот го промовираше денес, 14 Декември (петок) во 11.00 часот, Сала М6, амфитеатар.
Електронскиот регистар е централна точка во државата каде што ќе бидат собрани податоците за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура, од сите оператори, со што се овозможува нивна поголема заштита од оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување на податоци за слободни капацитети, со што ќе се промовира поголема искористеност на постоечките капацитети.
На настанот присуствуваа видни гости од телекомуникациската индустрија како и претставници од едукативниот сектор во РМ, воедно на покана на АЕК, присуствуваше и менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел. Со тоа Агенцијата за електронски комуникации го имплементираше првиот и единствен Софтвер за електронски регистар на јавна електронска комуникациска инфраструктура во регионот.