АЕК - Прв јавен состанок за 2010 година
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на првиот јавен состанок за 2010 година кој се одржа во Хотел Континентал, Конгресна сала-Скопје.
По принципот на своето транспарентно делување, АЕК, овие состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзиното работење, стратегиите, плановите и насоките на развој на нејзиното делување. Со тоа има размена на идеи, сознанија, барања и гледишта за унапредување на работата на АЕК и сите субјекти на пазарот за електронски комуникации. Оваа јавна расправа беше богата со голем број презентации и дискусии како од страната на АЕК така и од субјектите засегнати со дадената проблематика.