АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2023 год.
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција која се одржа од 29 до 31 Мај 2023 год. во Хотел Изгрев – Струга. Деветта по ред, АЕК организира Меѓународна регулаторна конференција, со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот, преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства. Насловот на конференцијата “ 5G Oпштеството е присутно “ со теми на кои се дискутираше беа: Сесија 1 – 5G (технологија, студија на случај, QoS, мерења, покриеност, предизвици, споделување инфраструктура), Сесија 2 – Сајбер безбедност (регионална соработка, приоритети за сајбер безбедност, подигање на свеста, безбедносни стратегии, потреба од проактивен пристап, сајбер криминал, оператори на критична инфраструктура), Сесија 3 – Регулаторни предизвици (моментална состојба на пазарот, градење мрежи, регулација на ОТТ, анализи на пазарот, цени на конкуренцијата, роаминг, крајни корисниции), Сесија 4 – Телеком производи (технологија, студија на случај, опрема). Беа поканети познати личности, од македонските и меѓународни институции, меѓу кои и владини претставници, регулаторни тела, оператори, други компании, како и клучни личности на македонскиот и глобалниот пазар на електронски комуникации. Оваа конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Јетон Акику. Конференцијата обезбеди одлична платформа за целисходен дијалог помеѓу сите засегнати страни и одлична основа за размена на мислења за теми од заеднички интерес, преку споделување на знаење и искуство. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.