АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2016 год.
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција од 27 до 29 Јуни 2016 год. во Хотел Инекс Горица – Охрид.
АЕК организира Меѓународна регулаторна конференција, со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот, преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.
На конференцијата присуствуваа ценети личности од Македонија и светот, вклучувајќи владини претставници, регулаторни тела, претставници на ИТУ, претставници на Европската унија, оператори, производители, како и клучни лица на Македонскиот и светскиот пазар за електронски комуникации. Оваа конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Сашо Димитријоски.
Конференцијата обезбеди одлична платформа за целисходен дијалог помеѓу сите засегнати страни и одлична основа за размена на мислења за теми од заеднички интерес, преку споделување на знаење и искуство. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Одлична организација и прекрасен настан.