АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2019 год.
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција која се одржа од 20 до 22 Мај 2019 год. во Хотел Метропол – Охрид. Седма година по ред, АЕК организира Меѓународна регулаторна конференција, со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот, преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.
Насловот на конференцијата “ Повеќе поврзани за подобар живот “ со теми на кои се дискутираше беа:
– придобивки за крајните корисници, предизвиците, финансиското влијание врз бизнис плановите на операторите, политиките на фер употреба и други теми кои произлегуваат од неодамна потпишаниот Договор за намалување на цените на роаминг услугите во Западен Балкан,
– регулаторни и операторски перспективи при имплементација на новите технологии,
– политики за распределба на фрекфенциски опсези за брз мобилен широкопојасен пристап до интернет,
– алатки за ефикасна регулација и
– дали регулаторното опкружување овозможува воведување на дигитални услуги на операторите до крајните корисници.
Насловот на конференцијата “ Повеќе поврзани за подобар живот “ упатува на поттик на сет од акции меѓу мрежата на регулаторните тела за зајакнување на соработката и подобрување на работата. Беа поканети познати личности, од македонските и меѓународни институции, меѓу кои и владини претставници, регулаторни тела, претставници на МСУ, претставници на Европската Унија, оператори, други компании, како и клучни личности на македонскиот и глобалниот пазар на електронски комуникации. Оваа конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Сашо Димитријоски. Конференцијата обезбеди одлична платформа за целисходен дијалог помеѓу сите засегнати страни и одлична основа за размена на мислења за теми од заеднички интерес, преку споделување на знаење и искуство. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Одлична организација и прекрасен настан.