АЕК – Втор јавен состанок за 2023 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Вториот јавен состанок за 2023 год. кој се одржа на 26 Декември 2023 год. со почеток во 10 ч. во административната зграда на АЕК – Бизнис сала. Состанокот го отвори Директорот на Агенцијата, г-динот Јетон Акику. Почитувајки го принципот на своето транспарентно работење и законските одредби, Агенцијата за електронски комуникации го организираше  овој состанок со цел да им овозможи на сите чинители и заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините активности во годината која изминува и плановите и стратегиите за наредниот период.  На овој состанок имаше презентации на следните теми, Развој на пазарот за електронски комуникации, презентер Кристина Божиновска – Раководител на Сектор за регулатива, Перманентна заштита на правата на крајните корисници, презентер Валентин Ѓуровски – Раководител на одделение за решавање на спорови, МКД CIRT услуги – презентер Севдали Селмани – Раководител на Сектор Национален центар за одговор со компјутерски инциденти, Реализирани активности на Секторот за радиокомуникации, презентер Јане Јакимовски – Раководител на Сектор за радиокомуникации, Широкопојасен интернет во фиксни мрежи, технолошка иднина и следење на Европскиот технолошки развој, презентер Борис Арсов – Раководител на Сектор за телекомуникации и Извештај за квалитетот на јавните мобилни мрежи во градот Скопје, презентер Јонче Гроздановски – Раководите на Сектор за контрола и мониторинг на радиофреквенции.