АЕК – Втор јавен состанок за 2017 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ присуствуваше на Вториот јавен состанок за 2017 год. кој се одржа на 29 Ноември 2017 год. со почеток во 10 ч. во административната зграда на АЕК – Бизнис сала.

Состанокот го отвори Директорот на Агенцијата, г-динот Сашо Димитријоски.
На овој состанок имаше презентации од советници и раководители на сектори, и тоа за Национален извештај за покриеност со DVB-T –  Јонче Грозданоски,  Состојба на пазарот за електронски комуникации –  Кристина Божиновска,  Постојана и квалитетна заштита на правата на крајните корисници – Влатко Спиркоски,  Надлежности, постапка и резултати од работата на Комисијата за одлучување по прекршок во АЕК – Дафина Пауновска, Резултати од репланирањето на УХФ опсегот – Лидија Пауновска и  ГИС и WEB колектор на подземна инфраструктурна ТК Мрежа – Борис Арсов.