АЕК – Втор јавен состанок за 2015 год.
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ присуствуваше на Вториот јавен состанок за 2015 год. кој се одржа на 23 Декември 2015 год. со почеток во 10 ч. во административната зграда на АЕК – Бизнис сала.
На овој состанок имаше презентации од советници и раководители на сектори, и тоа за Годишната програма на АЕК за 2016 год., параметрите за квалитет на јавните мобилни комуникациски услуги, балкански роаминг, заштитата на правата на крајните корисници и единствена точка за информации.