АЕК – Втор јавен состанок за 2012 год.

Агенцијата за електронски комуникации организираше втор јавен состанок за 2012 год., кој се одржа на 3 Декември 2012 год. со почеток во 10 ч. во управната зграда на Скопски Саем – Бизнис Сала.

На покана на Агенцијата, на состанокот учество зема и менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел. АЕК по принципот на своето транспарентно делување, овие состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзиното работење, стратегии, планови и насоки на развој на нејзиното делување. НЕКСТ-ЕМ дооел како субјект на пазарот за електронски комуникации, зема активно учество при што даде придонес во размена на идеи, сознанија, барања и гледишта за унапредување на работата на Агенцијата како и за взаемна соработка.