IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Зголемување на пакетите на HOSTIRAJ.com.mk

Поради големиот интерес за хостинг услуги во изминатиот период, НЕКСТ-ЕМ дооел одлучи да ги зголеми сопствените капацитети и да приреди пријатно изненадување за сите свои досегашни и идни корисници.

Од денеска сите досегашни и идни корисници ќе можат да користат двојно повеќе веб простор за истата цена како и досега. Со овој потег НЕКСТ-ЕМ дооел сака да ја искаже својата посветеност во полето на хостинг услугите.

АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2015 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации,  НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на  Меѓународната регулаторна конференција од 18 до 20 мај 2015 год. во Хотел Метропол - Охрид.

Трета година  АЕК  организира  Меѓународна регулаторна конференција,  со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот,  преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.

Велигденска честитка

НЕКСТ-ЕМ дооел, им ги честита Велигденските празници, со желби за добро здравје, среќа и успех во понатамошната соработка, на своите партнери, соработници, клиенти, како и на граѓаните на Република Македонија, од Православна вероисповед.

НЕКСТ-ЕМ дооел - регистрар за кириличниот домен .МКД

Почитувани клиенти,

НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар од МАРнет, Ве известува дека од денес почна со регистрација на кириличниот домен .мкд.

Во врска со горенаведеното, НЕКСТ-ЕМ дооел нуди:
Регистрација на .мкд  домен – 800 ден. + 18% ддв = 944 ден.

Промоција на воспоставувањето кириличен домен .мкд

На покана на МАРнет, НЕКСТ-ЕМ дооел, како регистрар,  присуствуваше на промоцијата на воспоставување кириличен домен . мкд, која се одржа на 14 Јануари 2015 год. со почеток во 11.30 ч. во просториите на Порта Македонија.
Министрите за информатичко општество и администрација,  Иво Ивановски и за култура, Елизабета Канческа Милевска денеска  го промовираа воспоставувањето национален кириличен домен .мкд во меѓународниот интернет простор.

     
Syndicate content