IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Состанок со претставници на HYBSYS

Менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел оствари средба со менаџерскиот тим на бугарската компанија HYBSYS на која беше разговарано за проширувањето на соработката и зголемувањето на присутноста на дел од брендовите од областа на ИП телефонијата во Македонија.

Изработка на веб портал за ЕУРО - ФАРМ

НЕКСТ-ЕМ дооел го комплетираше новиот веб потрал за една од најголемите фармацевтски компании, ЕУРО – ФАРМ од Битола. Особено внимание беше посветено на можноста преку порталот корисниците на ланецот аптеки ЕУРО – ФАРМ да бидат во постојана комуникација со стручните лица на компанијата.

Проширување на соработката со КАЈГАНА МЕДИА

Повеќе-годишната соработка помеѓу НЕКСТ-ЕМ дооел и КАЈГАНА МЕДИА за обезбедување на целосни мрежни ресурси на проектите на КАЈГАНА МЕДИА се продлабочи со комплетирањето на мрежната инфраструктура за потребите на најновиот проект – веб страна на националната телевизија Сител.

АЕК – Прва јавна расправа

На покана на Aгенцијата за електронски комуникации, менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на првата јавна расправа која се одржа на 14 – 15 Мај 2009 во Холидеј Ин – сала Милениум.

Бизнис посета на Франција

Менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел во периодот од 21-ви до 31-ви март 2008 година беше во неофицијална посета на Република Франција.

     
Syndicate content