IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Известување

Почитувани клиенти,
НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар од МАРнет, смета дека треба да Ви појасни одредени информации за да полесно го разберете целиот процес и ја завршите целата процедура без притисоци и непотребни нервози.
НЕКСТ-ЕМ дооел нуди регистрација на нови домени, пререгистрација на постоечките домени, како и обнова на домени (од наредната година) на веќе пререгистрираните домени.

Во моментов е актуелно секој домен да се пререгистрира, да се избере регистрар, и да се премине од МАРнет кон избраниот регистрар, со што во иднина наплатата ќе ја врши регистрарот кој сте го избрале, а регистрарот се раздолжува кон МАРнет. Ова е битно да го знаете дека само пререгистрација, без продолжување на доменот, не значи ништо, затоа што по валидноста на доменот, и по временскиот рок кој е даден во правилникот на МАРнет, доменот може да се избрише. Затоа би сакале да Ви кажеме дека кај нас, пререгистрација, значи автоматски и продолжување на доменот, а обнова може да биде од наредната година, кога доменот веќе е пререгистриран, и само се обновува времетраењето на доменот за наредниот период. Да сумираме, пререгистрацијата започна од 01 Април 2014 год. и ќе трае до 31 Март 2015 год.
Се надеваме дека успеавме да Ви го објасниме целиот процес, за да не се збуните од дезинформациите кои ги има во јавноста, a изборот на регистрар ќе биде Ваша одлука и ние тоа ќе го почитуваме.

Во врска со горенаведеното, НЕКСТ-ЕМ дооел нуди:

  • Регистрација на нов домен – 800 ден. + 18% ддв = 944 ден.
  • Пререгистрација на домен (со продолжување за 1 година) – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.
  • Обнова на домен – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.

НЕКСТ-ЕМ дооел - регистрар за македонскиот домен .МК

НЕКСТ-ЕМ дооел потпиша Договор за регистрар со МАРнет.  Со тоа се исполнети условите согласно новиот Правилник за организација и управување со врвниот македонски .МК домен.
Новиот Правилник на МАРнет овозможува полесна, побрза и поефикасна регистрација на .mk домените преку процес на либерализацијата со воведување на регистрари преку кои може да се регистрира домен, што значително ќе го намали времето потребно за регистрација, како и регистрација на домени по електронски пат.
НЕКСТ-ЕМ дооел како компанија која работи на ова поле веќе 8 години, и понатаму продолжува со опслужување на своите, како досегашни, така и идни клиенти со мотото кое го имаме од самиот старт  “Повелете, има место за сите...”

Среќни празници

 

АЕК – Втор јавен состанок за 2013 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ присуствуваше на Вториот јавен состанок за 2013 год. кој се одржа на 26 Декември 2013 год. со почеток во 10 ч. во новата административна зграда на АЕК – Бизнис сала.

АЕК – Прв јавен состанок за 2013 год.

Агенцијата за електронски комуникации организираше Прв јавен состанок за 2013 год. кој се одржа на 17 Мај 2013 год. со почеток во 10 часот, во Управната зграда на Скопски Саем – Бизнис Сала. На покана на Агенцијата, на состанокот учество зема и менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел

     
Syndicate content