IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Презентација на Петтиот извештај за работата на АВМУ и АЕК

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, имаа презентација на петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.

Презентацијата се одржа на 14 Февруари (петок) 2020, во хотел Солун, во Скопје, со почеток во 10:30 часот. Во овој петти периодичен мониторинг извештај за работата на АЕК и АВМУ, се објавени квалитативни оценки и квантитативни податоци за транспарентноста и отчетноста на двете регулаторни тела АВМУ и АЕК. Презентација на наоди од петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК имаа Горан Лазаров, проектен менаџер на ЕвроТинк и Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Во вториот дел од настанот се дискутираше и за тоа “Што претставува 5г технологија? Кои се предностите и негативностите од воведувањето на оваа нова технологија? “ На оваа тема свое мислење дадоа Димитар Буковалов, МИОА, Претседател на Национална канцеларија за бродбенд компетенции (БЦО), Игор Бојаџиев, Советник на директорот за радиокомуникации. контрола и мониторинг на радиофреквенции, АЕК и Бардил Јашари, Извршен директор на Фондацијата Метаморфозис. По нивното излагање, свое мислење даде и директорот на АЕК, Сашо Димитријоски. Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.