IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Балкански претприемачки самит

Creative Hub  го организираше првиот Балкански претприемачки самит кој  се одржа на 13 Септември ( петок ) 2019 год. во хотелот  Double Tree by Hilton во Скопје. Настанот го отвори Аријана Коскарова, Форбс под 30, основач на Creative Hub, при што свое учество во отворањето имаа и  Зоран Заев, Претседател на Влада,  Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата, претставник на  Стопанска Комора на Македонија и Н.Е. Сибил Сутер Техада, Амбасадор на Швајцарската Конфедерација.

Самитот беше поделен во повеќе панели и тоа Панел 1, “Градење синергии”, модератор: Игор Босилковски, ко-едитор на Форбес под 30 листата, панелисти: Фатмир Хусенбелиу, ( Р. Албанија) потпреседател Hysenbelliu Group, Бојан Коскаров, ко- основач Creative Hub, Вангелис Андрикопулос ( Р. Грција) вентуре капитал аналитичар, Outlier Ventures и  Александар Најденов (Р.Бугарија), ко- основач Paperhive. Васил Наци ( Р. Албанија), Агна Груп, “Градење на успешен Балкански Бренд”. Панел 2, “Справување со предизвиците од недостаток на работна сила”, модератор: Живкица Каленикова, новинар и уредник, панелисти: Аријана Коскарова, ко- основач Creative Hub, центар за неформално образование, Мила Цароска, министер за труд и социјална политика и Марко Кутревски, директор на управен одбор на Пекабеско. Следеше интервју, Еван Лутра ( Р.Индија) , Сериски претприемач со модератор: Димитар Атанасовки, Идеа Лаб. Претставување  на Акаш Мехта (Р. Франција) , Диор, “ Вештачко влијание новата ДНК на Дигиталниот Маркетинг”. Панел 3, Вентуре Инвестициски панел, ‘’ Трендови на финансирање за 2020 година ’’, модератор: Аријана Коскарова, MBA, Creative Hub, панелисти: Антонио Аргир, директор на НЛБ Банка,
Јоргос Мусмулас, партнер во Metavallon Venture Capital,  Евгениј Ангелов, претсдател во Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во Постскриптум Вентурес. Панел 4, “Што не очекува во иднината во најголемите индустрии”, модератор: проф. Димитар Ковачевски, Американ Колеџ, панелисти: Милош Милосавлевиќ, основач и раководител на Strawberry Energy и Танер Акцок ( Р. Турција) “Раководење со најголемиот финансиски апи провајдер. Настанот во организација на Creative Hub беше поддржан од Владата, Стопанска Комора на Македонија и од Швајцарската Амбасада. Прекрасен настан на кој свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.