IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Перспективи на развојот на дигиталниот пазар во Македонија

ИАБ Македонија организираше панел дискусија на тема Перспективи на развојот на дигиталниот пазар во Македонија, која се одржа во четврток (05.09.2019), со почеток од 18:30 часот во хотел DoubleTree By Hilton. ИАБ Македонија е  асоцијацијата која ги обединува интернет порталите, агенциите и огласувачите од земјава.

Цел на панелот беше да се дискутираат актуелните теми и предизвици поврзани со понатамошниот развој на македонскиот дигитален пазар, зголемување на интернет огласувањето, развојот на нови интерактивни формати на огласување, саморегулацијата на интернет медиумите, регистарот на онлајн портали што го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ и останатите аспекти во релацијата огласувачи-медиуми-институции и како сите засегнати страни би се координирале во насока на дополнително унапредување на дигиталниот пазар и што е она што е потребно институциите да преземат за да го поддржат овој процес. На панел дискусијата говореа Борис Ефтимовски (претседател на ИАБ Македонија), Александар Манев, Дарко Лазаревски и Сашка Николова. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.