IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Презентација на третиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, имаа презентација на третиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“. Презентацијата се одржа на 09 Јули (вторник) 2019, во хотел Холидеј Ин, во Скопје, Дневна Сала, со почеток во 11:00 часот.

Во овој трет периодичен мониторинг извештај за работата на АЕК и АВМУ (јануари – април 2019), се објавени квалитативни оценки и квантитативни податоци за транспарентноста и отчетноста на двете регулаторни тела: АВМУ и АЕК за периодот јануари – април 2019 година. Презентација на наоди од третиот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК имаа Љупчо Петковски, извршен директор на ЕвроТинк, Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар, Горан Лазаров, проектен координатор на ЕвроТинк, Герман Филков, претседател на Центар за граѓански комуникации. Модератор беше Владимир Мирчески, новинар. Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.