IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Конференција за сајбер безбедност

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната конференција за сајбер безбедност, која се одржа од 5 до 6 Јуни 2019 год. во Хотел Метропол – Охрид. Втора година по ред, АЕК заедно со Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT како дел од АЕК,  организира Меѓународна конференција за сајбер безбедност, со наслов “Тимови за одговор на компјутерски инциденти и Сајбер отпорност”.

Оваа конференција, ја отворија Министерот за Информатичко општество и администрација, господинот Дамјан Манчевски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Сашо Димитријоски. На конференцијата се одржаа повеќе панел дискусии во кои свое учество земаа  тимови за одговор на компјутерски инциденти како и експерти за сајбер безбедност од меѓународни организации, приватни компании, домашни претставници од владиниот и јавниот сектор, како и лица одговорни за информациска безбедност од компаниите кои управуваат со критичните инфраструктури. Цел на конференцијата беше подобрување на соработката меѓу тимовите во регионот, размена на најдобри практики и искуства за подобрување на отпорноста во регионот на сајбер напади и заштита на критичните инфраструктури, дискусија за идни форми на соработка и заедничко дејствување со меѓународните организации. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.