IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Pantheon Конференција 2019

Компанијата Даталаб Македонија и МАСИТ како партнери организираа PANTHEON Kонференција на тема: „Дигитализација 2019“, која се одржа на 14ти Мај 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотелот Мериот, во Скопје. Конференцијата имаше за намера да ги истакне актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON. На настанот гостуваа реномирани експерти од областа, со желба да се стимулираат иницијативи и конкретни чекори на напредок во компаниите кои користат ЕРП решенија. PANTHEON конференцијата се отвори со панел дискусија на тема: Дигитализација 2019 во Македонија.

Панел дискусијата се водеше низ инспиративна дискусија со присутните, на следниве теми:
каква е состојбата на дигиталната трансформација во Македонија, и каде сме ние во споредба со земјите од регионот, кои се главните чинители за подигање на свест на тема дигитализација на вертикалните индустрии, како ИКТ компаниите можат да помогнат во процесот на дигитализација, која е визијата за иднината и плановите на државата за стимулирање на економијата (во областа на дигитализацијата), дигитализацијата со PANTHEON денес и визијата за иднината, со какво знаење треба да ги оплемениме човечки ресурси во вертикалните сектори за полесна дигитална трансформација, каде да се обратат за поддршка малите и средните претпријатија доколку сакаат да влезат во процесот на дигитализација. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.