IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Финална конференција - Важноста на Поглавје 20

На 08-ми мај со почеток во 11:00 часот во хотел „Солун“ во Скопје  се одржа финална конференција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската унија. Целта на финалната конференција беше да ги сумира резултатите и придобивките од проектот, како и да придонесе за промоција на Платформата поглавје 20.

На конференцијата беше промовиран и ресурсниот центар www.poglavje20eu.org како и креираните едукативни видеа, прирачници и документи за политики. На конференцијата со индивидуални презентации  се претставија и граѓанските организации (регрантисти) - имплементаторите на осумте национални проекти кои беа финансирани преку грантовата шема на проектот. Проектот кој започнал со имплементација во мај 2017 година, има за цел да се постигне координација помеѓу граѓанските организации, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење со останатите релевантни чинители. Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.