IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Конференција за управување

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје организираше конференција за начинот на кој се избираат и назначуваат управувачките структури и процедурите со кои се управуваат јавните претпријатија, државните претпријатија и независните тела. Конференцијата се одржа на 28 Март 2019 год. во Хотел Stone Bridge, со почеток во 9.30 часот.

Настанот е дел од проект кој е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство. На конференцијата се презентираа наодите од истражувањата како и препораките за подобрување на правната и институционалната поставеност кога се работи за назначувањата на управувачките структури. Деталните наоди од досегашните истражувања  откриваат дека овие организации поради недостатокот на процедури оставаат простор за коруптивни влијанија како и околу препораките за подобрување на состојбата. Се забележува и значителна родова нееднаквост во застапеноста во управувачките структури.