IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Завршен настан – Смарт Старт

Завршниот настан Смарт Старт кој се одржа на 15 Март 2019 год. во Хотел Мериот во Скопје, беше во организација на ЦИКП, кој точно 15 години бара предизвици и нуди решенија. Од 2015 година е почнат проектот наречен Смарт Старт.

Оттогаш, преку Смарт Старт школата се обучиле 40 невладини организации кои се стекнале со знаење и вештини за основање и водење социјално претпријатие. На 10 од нив е доделен почетен грант од 6000 евра со кои се трансформираат во социјални претпријатија. Преку кампања за подигнување на свеста, се убеди македонската јавност дека купувањето вакви производи или услуги има посебна етичка вредност. Со низа предлози кон надлежните, социјалното претприемништво да биде вклучено како активна мерка за нови вработувања, а помош и во развојот на соодветниот закон. Дополнително, е истражувано и давано препораки како да се подобрат условите за ваквата дејност. Приказната Смарт Старт не завршува. На овој настан свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.