IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Панел-дискусија за женско претприемништво

На покана на Македонија 2025, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на панел-дискусија на тема „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“ во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025. Настанот се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje  со почеток во 11 часот.

Меѓу клучните говорници на панел-дискусијата, беа: Н.Е. Кати Чаба – Амбасадор на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора; Џенифер Лавуа – Советник на CESO SACO од Канада, Надин Копф – Советник на CESO SACO од Канада, Денис Џонс  – Советник на CESO SACO од Канада како и претставнички на неколку реномирани женски организации од Македонија. Долгорочната цел на проектот е зајакнување на женското претприемништво и родовата еднаквост во Македонија, преку зголемена самоодржливост и финансиска стабилност на засегнатите женски здруженија.