IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК – Втор јавен состанок за 2018 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Вториот јавен состанок за 2018 год. кој се одржа на 18 Декември 2018 год. со почеток во 10 ч. во административната зграда на АЕК – Бизнис сала.

Состанокот го отвори Директорот на Агенцијата, г-динот Сашо Димитријоски. На овој состанок имаше презентации од советници и раководители на сектори, и тоа за Учеството на АЕК во изработка на Национален оперативен броадбенд план – Игор Бојаџиев, Степен на имплементација на системот за мерење на параметри за квалитет во фиксни мрежи – Зоран Алексов, Заштита на правата на крајните корисници при обезбедување на пристап до услугите со додадена вредност – Душко Иванов, Терминација на меѓународни повици – Синиша Апостолоски и Иницијативи за намалување на цените за роаминг услугите во Западен Балкан – Александар Коцевски.