IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Втор Годишен ИГФ МКД

На покана на IGF MKD / IGF MKD ( Internet Governance Forum Macedonia ) - Форум за управување со интернет Македонија ИГФ МКД, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Вториот Годишен Форум за управување со интернет ИГФ МКД, кој е национална иницијатива во рамките на структурата на глобалниот ИГФ ( Global Internet Governance Forum ). Настанот се одржа на 31 Октомври 2018 год., на ФИНКИ, со почеток во 11,00 часот.

Форумот е отворен, инклузивен и неформален простор за дијалог за прашањата на управувањето со интернетот „Internet Governance“, помеѓу сите засегнати чинители во македонското општество, владата, пратениците, приватниот сектор, граѓанското општество, техничката заедница, образованието, медиумите, крајните корисници итн. Целта на форумот беше подигнување на свеста и промовирање подобро разбирање на „управувањето со интернетот“, изградба или зајакнување на капацитетот на овие чинители активно да учествуваат во националните процеси за интернет-управување, олеснување на дискусијата, размената на мислења и соработката за прашањата поврзани со интернетот.