IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Јавна расправа за објава на работна верзија на национална стратегија на сајбер безбедност

На покана на Министерството за информатичко општество и администрација, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на јавната расправа за работна верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. Јавната расправа  се одржа во среда, 13 Јуни 2018 година, од 10 часот во  Клубот на пратеници, Скопје.

На јавната расправа накратко беше презетирана работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија, која заеднички ја изготвија Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.  Во дискусијата  учествуваа Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На документот се работело изминативе неколку месеци, во рамки на Работната група за изработка на стратешки документи од областа на сајбер безбедноста, а стратегијата во моментот е објавена и достапна за коментари и предлози од сите засегнати страни. Овој документ, Национална стратегија за сајбер безбедност, е од исклучителна важност за граѓаните и институциите на  државата кои што треба да ја гарантираат нивната безбедност.