IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Тркалезна маса: Креирање на јавни политики

Граѓанската алијанса за транспарентност заедно со Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Евротинк – Центарот за европски стратегии  организираа Тркалезна маса која се одржа на 4 Јуни (понеделник) 2018 год. во Хотел Александар Палас со почеток во 10 часот.

• Какви се капацитетите на државните институции за креирање на јавни политики? Како може да се надминат детектираните недостатоци во извештајот за напредокот кои се однесуваат на креирањето на јавни политики? Како да се подготви  администрацијата за процесот на преговори?
• Како да се унапреди меѓуинституционалната соработка во креирање на јавни политики? Како да се гради консензус во преговорите?
• Какви се компаративните искуства во делот на меѓуинституционална соработка, институционални капацитети и потребата од консензус при креирање на јавните политики, во рамки на преговорите?
• Која е улогата на Собранието и опозицијата во градењето на консензус при креирање на јавните политики, во рамки на преговорите?
• Која е улогата на граѓанскиот сектор во градењето на консензус при креирање на јавните политики, во рамки на преговорите?
На сите овие теми дискутираа г-ѓа Фани КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА, Извршна директорка, Фондација Отворено општество -Македонија, г- ѓа Радмила ШЕЌЕРИНСКА, Заменичка на Претседателот на Владата на Република Македонија и Министерка за одбрана, Н.Е. Самуел ЖБОГАР, Амбасадор на Европската Унија, г-дин Дамјан МАНЧЕВСКИ, Министер за информатичко општество и администрација, г-дин Љупчо ПЕТКОВСКИ, Извршен директор, ЕВРОТИНК - Центар за европски стратегии, Н.Е. Данијела БАРИШИЌ, Амбасадорка на Република Хрватска во РМ , г-дин Андреј ЕНГЕЛМАН, Дел од преговарачкиот тим на Словенија, г-ѓа Калинка Габер државен секретар во СЕП, г-ѓа Диана ЖУПАНОСКА, ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии, Истражувач/ Аналитичар, г-ѓа Гордана ГАПИЌ ДИМИТРОВСКА, Министерство за информатичко општество и администрација Раководител на одделение за управување со процесот на проценка, објава и следење на регулативата Претставник на Генерален секретаријат, (TBC), г-ѓа Неда МАЛЕСКА САЧМАРОСКА, Центар за управување со промени, Извршна директорка, г-дин Марко ПАНОВСКИ, Истражувач, Институт за демократија “Societas Civilis”,  како и модераторите г-дин Васко ПОПЕТРЕСКИ, новинар и г-дин Владимир МИРЧЕВСКИ, новинар. Проектот е финансиран од Европската Унија.