IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

„Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Центарот за европски стратегии Евротинк имаа презентација за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој се спроведува во наредните 3 години, со поддршка од Европската Унија. Настанот  се одржа на 1 Јуни 2018 година (петок) од 11 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, Дневна сала.

Цел на средбата е преку презентација на проектот да се поттикне соработката на полето на развој на критичко мислење и медиумска писменост во духот на отвореност и соработка на сите засегнати страни. При тоа, тимот на проектот  ги претстави основните елементи на проектот пред јавноста и  го најави првиот повик за мали грантови. Претставници на проектниот тим концизно  ги објаснија целите на проектот и очекувањата. На настанот говореа Филип Стојановски, програмски директор, Фондација Метаморфозис, раководител на проектот КриТинк - Претставување на проектот: цели и предвидени активности, Горан Лазаров, проектен координатор, ЕВРОТИНК - Претставување на шемата за мали грантови, Емилија Петреска-Камењарова, раководителка на Одделението за човекови права и медиумска писменост во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на РМ - Значе њето на медиумската писменост и националната Мрежа за медиумска писменост на РМ и Љупчо Петковски, Извршен директор на Евротинк. На крај следуваше дискусија и одговори на прашањата од присутните.