IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Промотивна работилница "Поттик на МСП иновативни капацитети"

На покана на Регионалниот Бизнис Центар, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на работилница за промоција на Проектот "Поттик на МСП иновативни капацитети"  која се одржа во четврток, 31 Мај 2018 година, од 11 часот во ресторан „Ден и ноќ“, Скопје. На работилницата имаше повеќе презентации, со цел да се добијат информации за проектните активности и очекуваните резултати на проектот, како и за можноста да се биде една од фирмите корисници на бесплатна ново воспоставена услуга: пополнување на прашалникот за само-оценка на иновативниот капацитет на фирмата и изработка на Акциски Иновативен План.

Фирми од интерес на Проектот се сите фирми од ИТ секторот, потоа фирмите чија дејност е компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, како и фирмите регистрирани за обработка на податоци, хостирање и интернет портали и останати информативни услужни дејности. На работилницата свое учество имаа Светлана Киревска, директор на Фондација за развој на мали и средни претприемништва Скопје (проектен партнер од Република Македонија) со Презентација на Проектот „Поттик на МСП Иновативни Капацитети” активности, Мирјана Бошњак, Државниот завод за статистика (проектен партнер од Република Македонија) со Презентација на Проектот „Поттик на МСП Иновативни Капацитети”  активности, Ирена Ѓорѓиевска, раководител на одделението за подготовка на програми, Фонд за иновации и технолошки развој со Презентација на мерките за поттикнување на иновациската дејност и имплементација на иновативни решенија и на иновативни процеси, кај компаниите: на компаниите што имаат висок потенцијал за раст, како и на новоосновани, микро и мали претпријатија и Виолета Атанасовска, Национален НКЛ координатор, Министерство за образование и наука со Презентација на мерките за поддршка на иновативноста на МСП во Програмата ХОРИЗОНТ 2020. На крај следеше дискусија и одговори на прашањата од присутните. Проектот „Поттик на МСП Иновативни Капацитети” / “SME Innovation Capacity Boost” е финансиран од Европската Унија преку Балканско Медитеранската Програма за соработка 2014-2020 (“INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020”).