IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Слободата и интернетот во Македонија

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис организираа Конференција “Слободата и интернетот во Македонија” која се одржа на 11 мај (петок) 2018 год. во Музеј на современа уметност со почеток во 11 часот.

Во воведното обраќање, на тема СЛОБОДЕН ТЕК НА ИНФОРМАЦИИ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО, говореа Санта АРГИРОВА, членка на УО на Фондација Отворено општество – Македонија и Бардил ЈАШАРИ, директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Следеа три панели за дискусија и тоа ПАНЕЛ I, КЛУЧНИ МОМЕНТИ ВО РАЗВОЈОТ НА ИНТЕРНЕТ ВО .МК. при што учество земаа Софче ЈОВАНОВСКА, шеф на кабинет на заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Jован КОЛОВ, Нетцетера, Огнен ФИРФОВ, директор за интерна ревизија, Македонски Телеком, Игор ТРАЈКОВСКИ, основач и сопственик на Time.mk и модератор Филип СТОЈАНОВСКИ, програмски директор, Метаморфозис. Во ПАНЕЛ II, УЛОГАТА НА ОНЛАЈН-МЕДИУМИТЕ ВО БОРБАТА ЗА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, говореа  Бранко ГЕРОСКИ, уредник на Плусинфо, Елида ЗУЛБЕАРИ, уредничка на Порталб.мк, Зоран АНДОНОВСКИ, уредник на Мета.мк, Никола ГЕЛЕВСКИ, уредник на Окно.мк и  модератор Виолета ГЛИГОРОСКА, проектен координатор, Метаморфозис. Во ПАНЕЛ III, ПЛАГИЈАТОРСТВОТО И ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ - ЗАКАНА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНОТО НОВИНАРСТВО говореа Емир ЗУЛЕЈХИЌ, уредник на raskrinkavanje.ba Сараево, БиХ, Томислав ГЕОРГИЕВ, фоторепортер, Наталија МИЛЕНКОВСКА, адвокат, Ѕвездан ГЕОРГИЕВСКИ, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ и модератор Владимир ПЕТРЕСКИ, уредник на Вистиномер.мк.