IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Анализа „Спроведување на одлуките на EСЧП во периодот 2013-2016“

Фондацијата Отворено општество – Македонија на 14 декември 2017 година, со почеток во 12 часот во хотелот Александар палас, во Конгресна сала II, одржа промоција на анализата „Спроведување на одлуките на Европскиот суд за човековите права во периодот 2013-2016“.

Промоцијата на анализата, беше проследена со дебата, говорници на настанот беа г-ѓа Гордана Лажетиќ, професор на Правниот факултет и член на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија, како и авторите на анализата г-ѓа Мирјана Најчевска и г-дн Сашко Тодоровски и соработникот на анализата г-дин Дарко Павловски, а свое обраќање  имаше и г-ѓа Betsy Apple, Директор за застапување на Одделот за Владеење на правото во Иницијативата за правда на Отворено општество со седиште во Њујорк.
Анализата, од една страна, има за цел да го заокружи прегледот на одлуките на Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) кои се однесуваат на Македонија (низ призмата на нивното извршување), а од друга страна има за цел да ги исцрта развојните трендови поврзани со постапувањето пред ЕСЧП (како од аспект на областите во кои постапки иницираат граѓаните на Република Македонија, така и од аспект на препораките кои се дадени или пак кои произлегуваат од одлуките на ЕСЧП).