IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Презентација на 4-от извештај за работата на АВМУ и АЕК

На покана на Евротинк, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Презентацијата за четвртиот мониторинг извештај за работата на АВМУ (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) и АЕК (Агенција за електронски комуникации) во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“  која се одржа на 13 Декември 2017 год. во Јавна Соба во 11.30 часот.

На овој настан говореа  г-ѓа Славица Билјарска, Специјалист за односи со јавност, г-ѓа Снежана Трпевска, Експерт за медиуми, г-дин Горан Лазаров, Проектен координатор од ЕВРОТИНК и г-ѓа Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Модератор беше г-ѓа  Христена Јованчева, односи со јавност од ЕВРОТИНК.  Спроведени се анкети за тоа дали  граѓаните знаат кои се и за што служат овие две тела, дали АВМУ и АЕК работеле одговорно, како и предлози од експертите  за подобрување на нивната работа.  Проектот е поддржан од Британската Амбасада во Скопје.