IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Евротинк – Промоција на студија “Предизвиците во управувањето со ИПА”

На покана на Евротинк, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на студијата „Предизвиците во управувањето со инструментот за претпристапна помош“ која се одржа на 11 Декември 2017 год. во Хотел Холидеј Ин, сала Дневна соба, во 10.00 часот. Студијата е подготвена од Евротинк - Центар за европски стратегии, а поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Студијата е изработена во рамки на Концептот „Граѓанска акција за итни реформски приоритети“, којшто партнерски го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија и Евротинк – Центар за европски стратегии. Финансиска поддршка за имплементацијата обезбедува Фондацијата Отворено општество – Македонија.
На промоцијата имаше Панел дискусија на која свое учество имаа г-дин Драган Тевдовски, Министер, Министерството за финансии, г-дин Никола Бертолини, Раководител за соработка, Делегацијата на Европска Унија во Скопје, г-ѓа  Фани Каранфилова - Пановска, Извршна директорка, Фондација Отворено општество – Македонија, г-дин  Александар Колекески, Евротинк - Центар за европски стратегии, Клучни наоди во студијата и г-дин Љупчо Петковски, Извршен директор, Евротинк - Центар за европски политики, како Модератор. Панел-дискусијата беше со цел да се поттикне дебатата и соработка меѓу актерите кои се вклучени во процесот на пристапување во ЕУ, како државни така и недржавни, преку подобрување на меѓусебните партнерски односи во искористувањето на европските фондови.