IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

GF MKD ( Internet Governance Forum Macedonia ) - Форум за управување со интернет Македонија ИГФ МКД

На покана на IGF MKD / IGF MKD ( Internet Governance Forum Macedonia ) - Форум за управување со интернет Македонија ИГФ МКД, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Првиот Годишен Форум за управување со интернет ИГФ МКД, кој е национална иницијатива во рамките на структурата на глобалниот ИГФ ( Global Internet Governance Forum )  под покровителство на ООН, EuroDIG , ( European dialogue on Internet Governance ) и SEEDIG ( South-East European dialogue on Internet Governance). Настанот  се одржа на 28 Ноември 2017 год., во амфитеатарот на МНР, како домаќин и институционален партнер, со почеток во 11,00 часот.

Воведно обраќање имаше г-динот Александар Ичоќаев, како координатор на ИГФ МКД, како и претставниците од МНР И МИОА. Настанот беше поделен во три сесии, на кои учество имаа со свои теми, Сања Симонова, MARNet: Кириличен домен МКД, Боро Јакимовски, ФИНКИ: Towards digital identity, Charles Edmund Garrett – British Embassy Skopje - Digital Diplomacy, Бардил Јашари , “Metamorphosis“ - "E-society - digitization of government services", Александар Ацев, АЕК: Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, Татјана Тапанџиева, Телеком: Методи на сајбер безбедност, Ели Муфисовски: Online enforcement, Неда Здравева, Правен факулет „Јустинијан Први“ - Скопје: Авторско право, медиуми и Интернет, Горан Михајловски, СДК: Медиуми и медиумска писменост (fake news).