IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2017 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција која се одржа од 24 до 26 Мај 2017 год. во Хотел Метропол – Охрид. Петта година по ред, АЕК организира Меѓународна регулаторна конференција, со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот, преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.

Локални институционални партнери за организирање на овој настан се Министерството за информатичко општество и администрација и Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ). Истакнати личности, на македонски и на меѓународните претставници беа поканети, вклучувајќи ги и претставниците на Владата, регулаторни тела, ITU
претставници, претставници на Европската унија, оператори, производители, како и клучните лица на македонскиот и на глобалниот пазар за електронски комуникации.

Меѓународната регулаторна конференција 2017  се одржа напоредно со настанот на SEEDIG (South Eastern European Dialogue on Internet Governance) 2017, па намерата беше да се создаде спој помеѓу двата настани, и ги донесе двете заедници во дискусии на теми од заеднички интерес.
Оваа конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Сашо Димитријоски.
Конференцијата обезбеди одлична платформа за целисходен дијалог помеѓу сите засегнати страни и одлична основа за размена на мислења за теми од заеднички интерес, преку споделување на знаење и искуство. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Одлична организација и прекрасен настан.