IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2015 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации,  НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на  Меѓународната регулаторна конференција од 18 до 20 мај 2015 год. во Хотел Метропол - Охрид.

Трета година  АЕК  организира  Меѓународна регулаторна конференција,  со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот,  преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.

На конференцијата присуствуваа ценети личности од Македонија и светот, вклучувајќи владини претставници, регулаторни тела, претставници на ИТУ, претставници на Европската унија, оператори, производители, како и клучни лица на Македонскиот и светскиот пазар за електронски комуникации. Оваа  конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Роберт Орданоски.

 

Конференцијата обезбеди одлична платформа за целисходен дијалог помеѓу сите засегнати страни и одлична основа за размена на мислења за теми од заеднички интерес, преку споделување на знаење и искуство.  Активно учество  имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.
Одлична организација и прекрасен настан, со што се одбележа и 10 години од постоењето  на АЕК.